Состојба на патиштата

На ден 08.5.2023 г. ќе се започне со градежни активности на објект: Поставување на заштитна звучна ограда на автопатот А2, делница Скопје -Тетово, од страна на фирмата изведувач ДГПТУ Битем Дооел Скопје согласно склучениот договор помеѓу договорниот орган Јавно претпријатие за државни патишта и фирмата изведувач ДГПТУ Битем Дооел Скопје. На трасата на која ќе се изведуваат градежните работи ќе …

Continue Reading

Почнуваат градежни активности за поставување заштитна звучна ограда на автопатот Скопје -Тетово

АМСМ информира дека денеска ќе се започне со градежни активности за поставување на заштитна звучна ограда на автопатот А2, делница Скопје -Тетово, од страна на фирмата изведувач ДГПТУ БИТЕМ ДООЕЛ Скопје согласно склучениот договор помеѓу договорниот орган Јавно претпријатие за државни патишта и фирмата изведувач ДГПТУ БИТЕМ ДООЕЛ Скопје. На трасата на која ќе се изведуваат градежните работи, како што …

Continue Reading

„Патот кон 2030“ – панел дискусија во МНР

Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија ја организира панел-дискусија за Преспа форум дијалог 2023, насловена „Патот кон 2030“. Како што информираат од МНР, панел-дискусијата ќе претставува воведен настан на третото издание на ПФД2023. На панел-дискусијата со претставници на граѓанското општество и тинк-тенкови од Балканот и пошироко коишто активно ја следат политиката на проширување на Европската унија ќе се …

Continue Reading

Ковачевски во Вашингтон на средби со Блинкен, Ескобар, Шоле, сенатори и конгресмени

Премиерот Димитар Ковачевски денеска и утре продолжува со дводневна работна посета во Вашингтон. Во Вашингтон, како што соопшти владината прес-служба, премиерот Ковачевски е предвидено да оствари средба со државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, специјалниот претставник на САД за Западен Балкан и заменик помошник државен секретар на САД, Габриел Ескобар, заменикот советник за национална безбедност на САД, Џонатан Фајнер, советникот …

Continue Reading

Работилница за безбедноста во училиштата

„Безбедноста во училиштата-градење механизми на превенција од ризици и рано предупредување“ е темата на работнилницата што ќе се одржи денеска со ученици и наставници во Основното училиште „Вера Циривири-Трена“ во Скопје, во рамки на научно-истражувачки проект на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ (УКИМ) – Скопје. Од УКИМ информираат дека цел на проектот e подобрувањето на севкупната и личната безбедност на учениците …

Continue Reading

Серија руски напади врз Киев и други делови на Украина

Русија започна бран големи напади врз Киев и други делови на Украина, соопштија украинските власти рано изутринава, додека Москва се подготвува да го прослави Денот на победата по повод годишнината од нејзината победа над нацистичка Германија. Најмалку пет лица се повредени во руските напади врз Киев, а според украинските власти, руски проектили запалиле складиште за храна во Одеса на Црното …

Continue Reading

Седница на собраниските комисии за европски прашања и за политички систем

Во Собранието денеска седници ќе одржат Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Комисијата за европски прашања. На дневен ред на Комисијата за европски прашања се предлог законите за изменување на законите за финансиска дисциплина и т за финансиските друштва, како и Предлог законот за парничната постапка, Предлог законот за вештачење и Предлогот законот за нуспроизводи од животинско …

Continue Reading

Пратеници од помалите партии ќе информираат за предложените измени на Изборниот законик

Пратеници од помалите парламентарни партии предлагачи на Предлог-законот за измени и дополнувања на Изборниот законик денеска ќе одржат прес-конферениција во Собранието. Како што информираат од собраниската прес-служба, на пресот ќе се обратат пратениците Павле Трајанов, Димитар Апасиев, Моника Зајкова, Маја Морачанин, Боби Мојсовски, Бејџан Иљас, Љупчо Балковски, Борислав Крмов, Панчо Минов и други. Со конституирање на работната група за реформи …

Continue Reading

Членот на Советот на јавни обвинители Ермон Незири ќе даде свечена изјава во Собранието

Ермон Незири, член на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија денеска ќе даде свечена изјава пред претседателот на Собранието, Талат Џафери. Скопскиот обвинител Ермонд Незири на 26 април беше избран за член на Советот на јавни обвинители од редот на заедниците кои не се мнозинство во земјава. Како што информираа од Комисијата за спроведување на изборот, од вкупно …

Continue Reading