Во Солун запленети 22.834 фалсификувани играчки, казна од 100.000 евра за фирмата

Грчката полиција уапсила 43-годишен странски државјанин, привремено задолжен за работата на продавница во западниот дел на Солун, откако инспекторите во магацин откриле 22.834 играчки со фалсификувани заштитни знаци. Акцијата ја спровела Меѓусекторската единица за контрола на пазарот (ДИМЕА), во соработка со тимот КОЕ-МЕТЕЛ од Солун, пренесува „Катимерини“. Според соопштението на грчката полиција, запленетите производи имале […]

Убиен бугарскиот бизнисмен и поранешен европратеник Слави Бинев, приведени тројца осомничени

Бугарскиот бизнисмен, поранешен европратеник и некогашен европски првак во теквондо, Слави Бинев (60), е убиен утрово во својот дом во софиската населба Павлово. Полицијата привела три осомничени лица, соопштија бугарските власти. Според бугарскиот весник „Дневник“, полицијата добила пријава за случајот околу 10:20 часот по локално време. Бугарските медиуми објавија дека Бинев бил застрелан, а тројцата […]

„Ќе биде долг ден“: Војници патролираат низ Париз пред новите протести

Францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нунез ја повика полицијата да реагира „исклучително брзо“ на секој обид за предизвикување инциденти за време на денешните протести. Во меѓувреме, војници им се приклучија на полициските патроли низ француската престолнина. Властите преземаат засилени безбедносни мерки во обид да спречат повторување на насилството, грабежите и немирите од минатата сабота, […]

(Фото+видео) Нови руски напади низ Украина: загинаа четири лица, 78 се повредени

Најмалку четири лица загинаа, а 78 се повредени во руските напади врз повеќе делови на Украина во изминатите 24 часа, според податоците на локалните власти. Утрово беше нападнат и Киев, каде што руски дрон погоди станбена зграда во населбата Оболон, објави „Киев индепендент“. Во нападот врз станбената зграда биле повредени две лица, а избувнал и […]

(Видео) Кирков: Филипче и Горан Бетон Герасимовски, каде се паркинзите и зеленилото во Буњаковец?

Стефан Кирков од Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ денеска побара од Општина Центар да ги разјасни условите под кои се гради објект во скопската населба Буњаковец, посочувајќи на проблеми со паркирањето, зеленилото и движењето на пешаците. Кирков, кој се обрати од улицата „Костурски херои“, поранешна „29 Ноември“, изјави дека, според информациите со кои располага, за објектот […]

Уапсен 32-годишен маж во Србија, пронајдени импровизирани експлозивни направи и десетици заштитни елеци

По налог на Вишото јавно обвинителство во Белград, во координирана акција со Основното јавно обвинителство во Нови Сад и припадници на Безбедносно-информативната агенција (БИА), полицијата уапсила 32-годишен маж со иницијали Д.А., осомничен за недозволено производство, поседување и трговија со оружје и експлозивни материи, како и за дела поврзани со подготовка на активности против уставниот поредок […]

Пензионер заборавил ранец со 100.000 евра во воз во Виена, парите му се вратени

Германски пензионер заборавил ранец со неверојатни 100.000 евра во воз на Главната железничка станица во Виена, но благодарение на банкарските документи што ги имало во него, службите успеале да го пронајдат сопственикот и да му ги вратат парите. Пензионерот, кој бил во транзит низ австриската престолнина, планирал да ги искористи парите како учество за купување […]

Германија разгледува 12-часовен работен ден и преполовување на квотата за работници од Западен Балкан

Германија разгледува промени на пазарот на трудот што би можеле да влијаат и врз работниците од Западен Балкан. Меѓу предложените мерки се воведување можност за 12-часовен работен ден во одредени случаи, намалување на годишната квота за работници од регионот и построги правила за полагање испити по германски јазик. За можните промени за „Н1“ говорел новинарот […]

Албански државјанин приведен во прилепско, затекнат како пали сува трева

Албански државјанин на возраст од 38 години е лишен од слобода откако бил затекнат како предизвикува пожар на отворено во прилепско. Според информациите од полицијата, случајот се случил на 23 октомври, околу 14:20 часот, на местото викано „Коливади“, во атарот на селото Житоше. Полициски службеници од Полициското одделение Ропотово го затекнале М.Џ. како пали сува […]