(Видео) Ако за Западен Балкан инстистираме прво да бидат решени билатералните спорови, никој нема да влезе било кога во ЕУ, кажа Пендаровски

Видео-Ако-за-Западен-Балкан-инстистираме-прво-да-бидат-решени.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Во изминатите три години имаме сериозен дисбаланс меѓу традиционалните критериуми за влез во Европската Унија и надминување на билатералните спорови, бидејќи билатералниот спор со Бугарија за жал ја покри целокупната традиционална агенда за пристапување, рече Стево Пендаровски, на заедничката прес-конференција со Наташа Пирц – Мусар и Зоран Милановиќ.

– Нам ни е јасно дека ’97 година таа т.н. регионална клаузула или добрососедските односи мора да се исполни. Во однос на нашата земја, нашите аспирации, нашиот пат досега, јасно е дека постои прилично голем дисбаланс меѓу традиционалните критериуми за влез во ЕУ и билатералните односи со намалку двајца од нашите соседи. Во изминатите три години ние имаме сериозен дисбаланс во таа смисла, затоа што билатералниот проблем со Бугарија, ја покри за жал целокупната традиционална агенда за пристапување. Ние се надеваме дека најскоро тоа ќе се промени, бидејќи ако на Западен Балкан инстистираме најпрво да бидат решени чисто билатералните спорови и посебно ако тие се потпираат на историја и на емоции тогаш ниту еден од Западен Балкан нема да влезе било кога во ЕУ, одговори Пендаровски на новинарското прашање во врска со тоа дали во однос на државите од Западен Балкан е поважно да ги решат чисто билатералните спорови, отколку да ги исполнат критериумите за членство содржани во поглавјата.

Во однос на предлогот на Макрон, прво да има продлабочување во Унијата, па потоа проширување, Пендаровски рече дека тоа не треба да не загрижува затоа што не е формален предлог на францускиот претседател.

– Тоа е стар предлог на францускиот претседател, со тезата дека треба да има прво продлабочување, пред да има проширување. Прво да се изменат клучните процедури за вклучување во ЕУ па дури потоа да се размислува за проширување. Такво нешто не се случува. Има симболични придвижувања, но сепак има движење напред во однос на статусот на државите од Западен Балкан кон ЕУ, и Украина и Молдова не чекаа продлабочување на Европската Унија, туку влегоа во процедура за проширување.

Објективно ако зборуваме во ЕУ има долги години, две или повеќе брзини. Не сите земји членки се дел од Еврозоната, не сите земји членки се дел од Шенген зоната. Тоа на практично ниво не би требало да биде големо изненадување. Ова не е формален предлог на Макрон, немаме причина за загриженост. Нема да станеме членка утре па да бидеме загрижени, кажа Пендаровски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK