Сончево и топло со температури до 38 степени

soncevo111.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во планинските подрачја ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 28 до 38 Целзиусови степени. УВ индексот ќе биде 8.

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 37 степени.

Утре во попладневните часови, претежно во планинските подрачја, ќе има услови за изолирана локална појава на пороен дожд и грмежи. Потоа се очекува стабилно и многу топло време. Најтопло ќе биде особено на југоистокот во четврток, петок и сабота. Во четврток преку денот краткотрајно ќе засилува претежно северен ветер.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK