Бернската конвенција ја објави информацијата за посетата на Охридскиот регион, експертскиот извештај до крајот на годината

ohrid
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Делегацијата на Бернската конвенција, Рамсарската конвенција и на УНЕСКО што минатата седмица беше во посета на Охридскиот регион го објави извештајот за посетата и за спроведената теренска проценка за состојбата.







Како што се посочува во објавата од Бернската конвенција, во односниот период се спроведени проверки на состојбата на т.н. „Смарагдни“ локалитети на Охридското Езеро и Националниот парк „Галичица“. Посетата на засегнатите области е спроведена во врска со отвореното досие за случај 2017/2, а се однесува на наводните негативни влијанија поради неодржлива инфраструктура и неконтролирана урбанизација.

Според информацијата, тимот на меѓународната мисија во текот на посетата се состанал со различни засегнати страни, вклучително министерка за животна средина и просторно планирање, претставници на властите на национално и општинско ниво (вклучувајќи го градоначалникот на Охрид), на граѓанското општество, на управата на НП „Галичица“, како и со претставници на Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија.

Во извештајот за посетата уште се посочува дека се спроведени неколку теренски посети и посети на локацијата, од кои е направен преглед на заштитените подрачја и развојот што може да има негативно влијание врз видовите и живеалиштата присутни таму.

Посетата на Охридскиот регион е реализирана откако претходно во 2021 година при онлајн-мисија фокусирана на отвореното досие за случај 2013/1 за Националниот парк „Маврово“, беа предложени препораки насочени кон општото управување со заштитените подрачја во Северна Македонија, вклучително и мисија за посета на двете засегната локации.

Во објавата за експерската посета уште се појаснува дека независниот експерт сега ќе го елаборира извештајот за мисијата и нацрт-препораките, што ќе бидат доставени на разгледување со цел усвојување на 43-та сесија на Постојаниот комитет што е предвидено да се одржи кон крајот на годинава.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK