Михајловски: Измените на Законот за облигациони односи се правен преседан – верувам дека Уставниот суд ќе ги разгледа иницијативите со внимание

sud
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Измените на Законот за облигациони односи (ЗОО) создава големи проблеми во пракса, бидејќи наместо да креира правна сигурност, ова решение создава правен хаос, вели во интервју за „Локално“ Љубомир Михајлоски – претседател на Адвокатската комора.







-Покрај правниот хаос и низа други отворени прашања со кои се соочува правната фела, измените на ЗОО создаваат правна несигурност, бидејќи ги штитат должниците на штета на доверителите, кои и покрај тоа што морале да направат дополнителни трошоци за да го наплатат својот долг, истите со измените не се во можност да ги наплатат своите побарувања, истакнува тој.

Михајлоски меѓу другото во интервјуто истакнува дека  „Со наведените измени се наруши правниот ред и поредок, се поттикна финансиската недисциплина и се повластија должниците, наспроти доверителите, а се наруши и финансиската стабилност на државата. Поради незаконските одредби, се отворија низа прашања и тоа што ќе се случува со данокот на додадена вредност кој фирмите го плаќаат однапред. Фирмите, и покрај тоа што не го наплатиле долгот, го плаќаат и данокот за добивка. Измените на ЗОО ќе доведат до неликвидност на фирмите, а тоа пак од своја страна ќе доведе до намалување на плати и до отпуштање на вработените. Исто така, нема да има странски инвестиции, што од своја страна ќе предизвика намалување на економскиот раст на државата. Што се однесува до физичките лица – граѓаните, истакнувам дека со новите измени истите како доверители кои што не можат да ги наплатат своите побарувања ќе изгубат пари или други добра, што ќе придонесе за зголемување на социјалните случаи и тоа не по вина на доверителите“.

Целото интервју на lokalno.mk

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK