Амбасадорите Дејвид Гир и Кшиштоф Гжелчик во Македонски Брод – граѓаните заинтересирани да реализираат проекти со ЕУ-поддршка

eu_mk_brod_04.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Општина Македонски Брод има огромен потенцијал за развој, а во тој процес од голема помош е поддршката од Европската Унија. Ова беа само дел од ставовите на граѓаните на Македонски Брод, со кои Амбасадорот на ЕУ, Дејвид Гир, и полскиот Амбасадор, Кшиштоф Гжелчик, вчера имааа отворена средба во Домот на културата. Полска е поврзана со Поречието преку етнологот и научник Јозеф Обребски, кој во минатиот век ги проучувал обичаите на жителите од овој регион, како и преку низа развојни проекти во општината, културна и образовна размена меѓу училиштата и преку неодамнешните економски инвестиции.

Во рамки на своите посети на општините во земјава, освен преку разговори со градоначалниците и советниците, Амбасадорот Гир подобро се запознава со животот во локалните заедници токму од размислувањата и од искуствата на граѓаните. Гир и Гжелчик во Македонски Брод ја посетија и пештерата Пешна и имаа можност да ја разгледаат изложбата со фотографии од Обребски.

– Дојдовме во Македонски Брод за да се сретнеме со граѓаните, со советот на општината, со градоначалникот и со граѓанските организации и да ги ислушаме. Да разговараме за тоа што за нив е значајно, каков е животот тука и кои се нивните приоритети и предизвици. Дискусиите беа посветени на тоа каков тип инвестиции би можеле да се направат и како би можел регионот да се промовира. Несомнено, врвен приоритет би бил туризмот бидејќи ова е навистина прекрасно место, извонредно за планинарење, искачување и за истражување на пештерите. Преку оваа посета научивме многу и ќе продолжиме да изноаѓаме начини како би можеле да го поддржиме Македонски Брод, но и целата земја – истакна Гир.

Во текот на посетата на Македонски Брод, амбасадорите на ЕУ и на Полска во земјава остварија средба и со градоначалникот Жарко Ристески. Тие, исто така, се сретнаа и со членовите на советот на Македонски Брод и со нив разменија мислења за тоа како ЕУ би можела да помогне на општината. Значаен дел од посетата беше наменет за разговори со членови и со претставници на граѓанските организации кои се посветени на активности чија што цел е подобрување на животот во општината.

Во текот на отворената средба во Домот на културата, граѓаните учествуваа во две активности: „Прашај ги амбасадорите“ и „Сподели ја твојата ЕУ-приказна“. Во рамки на овие дискусии граѓаните отворија низа теми кои што се однесуваат на животот во Македонски Брод и како со поддршка од Европската Унија тој би можел да се подобри. Амбасадорот Гжелчик го сподели и полското 20-годишно искуство како земја-членка на ЕУ и го дефинира како успешна приказна.

Дел од жителите се интересираа дали и како би можел да се зголеми буџетот за програмата „Еразмус плус“ преку која што се поддржуваат проекти од областа на образованието. Тие, исто така, сакаа да дознаат дали постои можност и на кој начин би биле поддржани активности за руралните жени, односно за унапредување на нивните права и место во општеството. Дополнително, граѓаните искажаа интерес за учество на тренинзи преку кои што би стекнале знаења за подготвување проекти финансирани од ЕУ, како и за аплицирање за добивање средства од фондовите на Европската Унија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK