(Видео) Успеав, жив сум: Оскаровецот Џаред Лето се искачи на врвот на Емпајер стејт билдинг

Видео-Успеав-жив-сум-Оскаровецот-Џаред-Лето-се-искачи-на.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Оскаровецот Џаред Лето стана првиот актер што се искачи на Емпајер стејт билдинг.


За да го прослави почетокот на турнејата на својот бенд Thirty Seconds To Mars, актерот Лето реши да влезе во историјата и да се искачи на Емпајер стејт билдинг во Њујорк.

„Успеав, жив сум, стигнав до врвот. Кажував дека ја видов мајка ми на прозорецот на 80-тиот кат и тоа беше убаво изненадување“, изјави 51-годишниот музичар и актер за „Тудеј“ по искачувањето.

„Неверојатно е да се гледа изгрејсонцето над град кој ми значел многу од детството. Њујорк беше местото каде што одите за да ги остварите вашите соништа. Како дете сакав да бидам уметник, а Њујорк беше местото каде што станав уметник. Емпајер стејт билдинг отсекогаш бил тој симбол за мене. Како што можете да видите, беше многу голем предизвик“, додаде тој.

Лето призна дека историското искачување било малку потешко отколку што очекувал.

„Искрено, бев повеќе возбуден отколку нервозен. Беше многу, многу тешко. Беше многу потешко отколку што мислев дека ќе биде“, рече Лето.

Светската турнеја на бендот „Thirty Seconds To Mars“ треба да почне во Јужна Америка на 15 март, по што ќе се упати кон Европа и Северна Америка, а треба да заврши на 19 септември во Нов Зеланд.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK