Радев: Наскоро ќе се знае дали ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска ќе работат за европската перспектива на Скопје

Бугарскиот претседател, Румен Радев вели дека наскоро ќе биде јасно дали новоизбраната претседателка на Република Северна Македонија Гордана Силјановска и партијата ВМРО-ДПМНЕ ќе работат за европската перспектива на Скопје. „Секогаш сум ја поддржувал европската интеграција на Република Северна Македонија, но во согласност со принципите на добрососедство и пред се’ Копенхашките критериуми за членство. А тоа би значело промена на Уставот …

Continue Reading

ЗНАМ доби уште еден мандат и има вкупно шест, а ВМРО-ДПМНЕ се намали за еден и има 58 мандати, ДИК објави нови пресметки

Според последните објавени резултати на ДИК, по преброени 99,6 отсто од гласовите во избирачките места, ВМРО – ДПМНЕ освои 58 мандати во новиот собраниски состав. Зад неа е Коалицијата на ДУИ со освоени 19 пратенички мандати. СДСМ на овие избори освои 18 мандати. Коалицијата Вреди има 13 мандати во Собранието а по шест мандати имаат „Левица“ и партијата ЗНАМ.

Continue Reading

Вучиќ до Силјановска Давкова: Уверен сум дека ќе продолжиме да работиме на зајакнување на врските меѓу Србија и Македонија

Српскиот претседател Александар Вучиќ и ја честиташе победата на Гордана Силјановска Давкова во вториот круг од претседателските избори во Северна Македонија. „Им честитам на Гордана Силјановска Давкова за нејзиниот избор за претседател на Северна Македонија и и посакувам успешно да ја извршува одговорната должност што ја презема. Уверен сум дека ќе продолжиме да работиме заедно за зајакнување на врските меѓу …

Continue Reading

Орбан со честитки за изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ и на Сиљановска-Давкова

Унгарскиот премиер Виктор Орбан упати честитки за изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ на парламентарните избори и победата на нивната кандидатка Гордана Сиљановска-Давкова во вториот круг од претседателските избори, додавајќи дека се радува на идната заедничка соработка. „Им честитаме на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и Гордана Сиљановски-Давкова за заслужената и историска победа на денешните претседателски и парламентарни избори во Северна Македонија. Со нетрпение …

Continue Reading

Одбележување на 9 Мај, Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа

По повод Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, денеска Владата на Република Северна Македонија свечено ќе ги одбележи овие два значајни празника. Во 11:00 часот, владина делегација предводена од Ристо Пенов, министер за локална самоуправа и Викторија Аврамовска Мадиќ, заменик – министер за правда, ќе положат свежо цвеќе на Партизанските гробишта Бутел, Скопје. Во 12:00 часот, владина …

Continue Reading

ЦУК апелира на внимателност при појава на силни електрични празнења, засилен ветер и појава на град, најавени за попладне

Метеоролозите најавија дека денеска, особено попладне, ќе има локална појава на метеоролошка нестабилност, со локално пороен дожд, грмежи, силни електрични празнења, засилен ветер и појава на град. ЦУК апелира на голема внимателност при појавата на локалните нагли метео промени и особена внимателност при грмежите и молњите, односно при силните електрични празнења, да не се престојува на отворен простор и под …

Continue Reading

ДИК: ВМРО-ДПМНЕ освои 59 мандати, СДСМ 19, Европски фронт 18, ВЛЕН 13, Левица 6 и ЗНАМ 5 мандати

Државната изборна комисија ги објави првичните резултати за парламентарните избори, а бројките ги потврдија пресметките на партиските штабови. „На ниво на држава по мандати коалицијата ’Твоја Македонија’ со ВМРО-ДПМНЕ освои 59 мандати, коалиција ’За европска иднина’ со СДСМ 19 мандати. Коалицијата ’Европски фронт’ има 18 мандати, коалиција ВЛЕН 13 мандати, политичка партија Левица 6 мандати и ЗНАМ 5 мандати. Може …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ ја слави двојната победа, Мицкоски порача: Сите кои што мислеа дека можат да ја уништат Македонија, завршија на буниште

Членовите на партијата ВМРО-ДПМНЕ, заедно со своите симпатизери ја слават победата на претседателските и парламентарните избори на плоштадот во Скопје. На насобраните луѓе им се обрати лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. „Ја ослободивме Македонија. Сите тие кои што мислеа дека можат да ја ограбат Македонија, да ја понижат, да ја уништат, денеска завршија на буниште, а набргу ќе одговараат“, порача …

Continue Reading

Ахмети: ДУИ е втора сила во државата

ДУИ е втора сила во државата, изјави вечерва лидерот на интегративците, Али Ахмети. „Ние Европскиот фронт сме втора сила во државата. Ние всушност го имавме ВМРО-ДПМНЕ како главен противник, затоа што ВМРО многу му помогна на Влен, но разликата помеѓу Европскиот фронт и Влен е преку 30.000 гласови“, рече Ахмети. Според официјалните податоци на ДИК, ДУИ освои 18 мандати, коалицијата …

Continue Reading