Г7 подготвува мерки против Иран

Групата Г7 работи на пакет координирани мерки против Иран, изјави британскиот премиер Риши Сунак. „Итно работиме со нашите сојузници за да видиме какви чекори можеме да преземеме заедно за да го одвратиме и осудиме она што го прави Иран“, рече Сунак во парламентот. „Разговарав со колегите лидери на Г7, обединети сме во осудувањето на овој напад“, додаде тој.

Continue Reading

Деветвалентна ХПВ-вакцина која спречува 80% од аналниот карцином и 70% од карциномот на грло на матката достапна кај нас од следниот месец

За еден месец сите вакцинални пунктови ќе ја добијат деветвалентната ХПВ-вакцина која од оваа година покрај девојчињата на возраст од 12 до 15 години, можат да ја примат и момчињата на иста возраст. Деветвалтната вакцина ќе ја замени четиривалентната ХПВ-вакцина која се користи кај нас од 2008 година, а од 2009 година е ставена во редовниот задолжителен календар за имунизација. …

Continue Reading

Припадници на затворската полиција се сомничат дека му овозможиле на осуденикот да побегне од Идризово – можат да добијат и до 10 години затвор

Седумнаесет полицајци се приведени по повеќемесечна предистражна постапка, за бегството на затвореникот од Идризово, што се случи во октомври минатата година. Од нив шест се сомничат за овозможување на бегство, а другите 11 за противзаконско ослободување. Од Обвинителството информираа дека за петмина постои основано сомнение дека го овозможиле бегството, додека шестиот затворски полицаец помагал. „На 26.10.2023 година во приватна здравствена установа …

Continue Reading

ЕУ: Блискиот исток е на работ на бездна

Шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, ја опиша ситуацијата на Блискиот Исток како на работ на бездна и рече дека се надева оти каков било одговор на Израел на нападот на Иран нема да доведе до ескалација. Во текот на викендот, Техеран почна масовен напад со беспилотни летала и ракети врз Израел, како одмазда за нападот на почетокот …

Continue Reading

Си плаќаме приватно за да се лекуваме оти не сме здравствено осигурани, велат приватните специјализанти кои излегоа на штрајк

Над 400 приватни специјализанти утрово излегоа на генерален штрајк, барајќи покачување на платите и здравствено осигурање. Тие истакнаа дека надоместокот што во моментот го добиваат изнесува 26.000 денари, а бараат да биде на ниво на просечна плата на доктор во јавна здравствена установа. Едно од нивните барања е и решавање на статусот на невработени лица без пензинско и издравствено осигурување. Велат …

Continue Reading

Израел: Иран започна војна, сите опции се на маса

Иран покрена војна против Израел кога лансираше беспилотни летала и проектили, мораме да ги одвратиме, изјави за „Скај њуз“ портпаролката на израелската амбасада во Лондон. Орли Голдшмит тврди дека во последните 45 години Иран се обидува да го нападне Израел преку посредници – Хезболах, Хамас и Хутите. „Иран го гледа Израел како западна земја која треба да се уништи“, вели …

Continue Reading

Управен пресуди во корист на Академијата за судии и јавни обвинители

Управниот суд ја известува јавноста дека на ден 13.04.2024 година во 22.00 часот, судечкиот совет по предметот оформен по тужба поднесена од Јавната установа Академија зa судии и јавни обвинители “Павел Шатев” од Скопје, против Одлука од 11.04.2024 година на Државната комисија за спречување на корупција, ја донесе и јавно ја објави следнатa одлука: Тужбата на тужителот Јавна установа Академија …

Continue Reading

Јордан прогласи вонредна состојба

Јордан прогласи вонредна состојба откако Иран лансираше десетици беспилотни летала и проектили врз Израел. Претходно Јордан објави дека го затвора својот воздушен простор поради заканата од ирански напад. Два регионални безбедносни извори рекоа дека воздушната одбрана на земјата исто така е подготвена да пресретне секое иранско беспилотно летало или авион што ќе влезе во нејзиниот воздушен простор.

Continue Reading

(Видео) Иран го нападна Израел

Иран започна напад врз Израел користејќи десетици беспилотни летала, а израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека Израел е подготвен. „Израел во изминатите неколку недели се подготвуваше за можност за директен напад од Иран, а нашата противвоздушна одбрана е распоредена. Подготвени сме за секое сценарио, и за напад и за одбрана“, рече Нетанјаху. Проценката е дека на беспилотните летала ќе им …

Continue Reading