Ангеловски нов директор на Еурофарм Пелистер

– Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер за нов спортски директор го именува Бранислав Ангеловски.   – Нашиот поранешен ракометар и легенда на македонскиот ракомет почнува ново поглавје, откако оваа функција ја извршуваше и во романска Констанца. 46-годишниот Ангеловски со Пелистер го освои шампионатот и Купот, а дел е од најголемите успеси и со македонската репрезентација, соопшти битолскиот ракометен суперлигаш.   Во …

Continue Reading

На Русија одземена организацијата на Европското првенство во ракомет за жени 2026 година

Европската ракометна федерација (ЕХФ) одлучи да го пресели Европското првенство за жени 2026 година од Русија. Турнирот требаше да се одржи од 3 до 20 декември 2026 година во Москва и Санкт Петербург. – Сегашните услови не дозволуваат навремено спроведување на сите фази од подготовките за еден ваков голем турнир. Тоа се однесува на инспекциските посети на претставниците на ЕХФ, …

Continue Reading

Втора година по ред Охрид домаќин на ракометниот камп 40х20

Во Охрид, викендот почна второто издание на ракометниот камп „40х20“ во Охрид. Деведесет момчиња и девојки од четири земји, на возраст од 7 – 17 години, следните шетс дена ќе ги до усовршуваат своите знаење во ракометната игра, ќе се дружат и забавуваат во најубавиот град на Балканот. – Од неделата во Охрид стартуваше второто издание, со зголемен број на …

Continue Reading

Еурофарм Пелистер ги дозна противниците за дебито во Лигата на шампиони

Со жрепка во седиштето на Европската ракометна федерација (ЕХФ) во Виена денеска е одреден составот на групите во Лигата на шампиони во која за прв пат во клупската историја ќе настапи Еурофарм Пелистер. Жрепката го смести македонскиот првак во групата А заедно со Киелце, Кил, ПСЖ, ПИК Сегед, Алборг, Колштад и ППД Загреб. Новата сезона 2023/24 во елитното ракометно европско …

Continue Reading

Кирил Лазаров во „Куќата на славни“ на Европската ракометна федерација

 – Актуелниот селектор и најуспешен македонски ракометар на сите времиња Кирил Лазаров вечерва на гала свеченост во Виена е примен во „Куќата на славни“ на Европската ракометна федерација (ЕХФ). На свеченоста по повод 30. години од формирањето на ракометната Лига на шампиони, први членови на „Куќата на славните“ станаа 60 ракометни легенди од Стариот континет во машка и женска конкуренција, …

Continue Reading

Македонските ракометарки на „Трофеј Карпати“ во Романија

Македонската женска ракометна репрезентација во младинска конкуренција ќе ги продолжи подготовките за претстојното Европско првенство со настап на традционалниот меѓународен турнир „Трофеј Карпати“ во Романија. Откако минатата недела настапија на силниот турнир „Четири нации“ во унгарскиот град Дабас, избраничките на Јулијана Дамчевска сега ги очекува уште еден квалитетен меѓународен турнир од 30 јуни до 2 јули во романскиот град Питешти. …

Continue Reading

Еурофарм Пелистер ја раскина соработката со Црногорецот Радовиќ

Досегашниот капитен на Еурофарм Пелистер, Мирко Радовиќ, ги напушти редовите на македонскиот ракометен шампион, откако битолскиот клуб објави синоќа дека спогодбено ја раскина соработката со црногорскиот репрезентативец, една година пред истек на договорот. -Нашиот капитен и нашата управа дојдоа до заеднички став дека најдобра опција за ракометарот е промена на средината и поголема минутажа од таа која ја имаше во …

Continue Reading

Српскиот репрезентативец Борзаш нов ракометар на Еурофарм Пелистер

– Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер ги засили своите редови за новата сезона со српскиот репрезентативец Урош Борзаш со кого потпиша договор на две години. Борзаш, како што соопшти синоќа битолскиот клуб, доаѓа во редовите на Еурофарм Пелистер од Норвешка, каде изминатите две сезони го носеше дресот на Елверум и настапуваше во Лигата на шампиони. Претходно во кариерата 23-српскиот репрезентативец …

Continue Reading

Познати сите учесници во ракометната Лига на шампиони

Македонскиот првак Еурофарм Пелистер идниот вторник ќе ги дознае противниците во групната фаза во ракометната Лига на шампиони, откако Управниот одбор на ЕХФ ги комплетираше сите 16 учесници и ја закажа жрепката за новата сезона за 27 јуни. Место во Лигата на шампиони од претходно обезбедија Еурофарм Пелистер, дански ГОГ, шпанска Барселона, француски ПСЖ, германските Кил и Магдебург, унгарски Веспрем, …

Continue Reading