Потребно е дополнително усогласување на Предлог законот за амнестија со надлежните институции, велат од Владата

Владата, на денешната седница го разгледа и текстот на Предлог законот за амнестија предложен од страна на Министерството за правда. По разгледувањето на состојбите во областа што треба да се уреди со законот, целите, начелата и основните и конкретни решенија опишани во текстот на Предлог законот за амнестија, Владата констатираше дека постои потреба од дополнително усогласување на Предлог законот за …

Continue Reading

Ковачевски – Лајчак: Со следниот чекор, Северна Македонија да го задржи европскиот курс

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, заедно со вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, во Њујорк се сретна со специјалниот претставник на ЕУ за Западен Балкан, Мирослав Лајчак. На состанокот е разговарано за актуелни политички прашања во Северна Македонија и регионот и нивните импликации во поширок безбедносен контекст. Заеднички е констатирано дека е неопходно да се задржи …

Continue Reading

Османи – Цахна: Естонија поддржува забрзана евроинтеграција на Северна Македонија

Во рамки на 78-то заседание на Генералното Собрание на Обединетите нации, во Њујорк, денес, министерот за надворешни работи Бујар Османи оствари средба со министерот за надворешни работи на Естонија, Маргус Цахна. Министерот Османи ги поздрави одличните билатерални односи кои постојат меѓу двете пријателски земји, заблагодарувајќи се за недвосмислената и гласна естонска поддршка за пристапните преговори на нашата држава со Европската …

Continue Reading

Ангелов: Поради распространетоста на пожарот над Катланово ќе се приклучи и еден полициски хеликоптер

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов извести дека при гаснење на пожарот кој попладнево избувна над Катланово ќе се приклучи и еден полициски хеликоптер. – Поради распространетоста на пожарот и отежнатото гаснење на тешко пристапниот терен над Катланово на гаснењето ќе се приклучи и еден полициски хеликоптер, кажа Ангелов. Пожарот избувна попладнево околу 15 часот и 30 …

Continue Reading

Богоев од царинска испостава Аеродром: Поефикасно менаџирање на пратките со мала вредност со цел сузбивање на сивата економија

Поефикасно менаџирање и поголема контрола на пратките со мала вредност на царинската испостава на аеродромот во Скопје кои ги пренесуваат брзите пошти, со цел намалување на сивата економија е еден од приоритетите за коишто се разговараше при денешната посета на директорот Стефан Богоев и заменик директорот Муарем Асани на царинска испостава Аеродром – Скопје. Директорот Стефан Богоев на средбата ги …

Continue Reading

Пожар над Катланово, го гасне скопската противпожарна бригада со поддршка на два ер трактори

Центарот за управување со кризи извести дека денеска попладне, околу 15.30 часот избувна пожар над Катланово кој зафати нискостеблести растенија но и дрвја. Пожарот, како што соопшти ЦУК го гасне скопската бригада за противпожарна заштита со поддршка на два ер трактори на ДЗС. На лице место е и градоначалникот на Општина Петровец, Борче Митевски.

Continue Reading

Данокот на екстра профит создава несигурност

Погубен и деструктивен за бизнисот и за стопанството во целата држава е Законот за данок за екстра оданочување, популистички наречен данок на солидарност. Покрај што во самото создавање на законот воопшто не беа земени во предвид забелешките на тие што треба да го плаќаат, вака како што е донесен ќе направи непоправлива штета за компаниите. Законот пред сѐ се коси …

Continue Reading

Указот и „Договорот од Преспа ” во четврток на дневен ред во Уставниот суд

Уставниот суд информира дека предметот во кој е оспорен Указот и во јавноста познат „Договорот од Преспа” ќе се дискутира на седницата закажана за 21 септември (четврток) во 9:30 часот. Овој предмет е формиран од следните иницијативи:   Реферати У.бр.8/2019, У.бр.16/2019, У.бр.26/2019, У.бр.40/2019 и У.бр.47/2019   Оспорени: – Указот за прогласувањe на Законот за ратификација на Конечната спогодба за решавање …

Continue Reading

Отворена средба на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација со граѓаните и локалните институции во Берово

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) продолжува со отворените средби со граѓаните, претставниците на граѓанскиот сектор и институциите на локално ниво. Утре во зградата на Општина Кавадарци ќе се одржи една ваква средба, а следната е веќе закажана за овој четврток, 21 септември 2023 година, во салата на Советот на Општина Берово. Овие средби се дел од активностите …

Continue Reading