Изборен ден во Брвеница: 16.256 граѓани со право на глас избираат градоначалник

Жителите на Општина Брвеница денеска гласаат на предвремени локални избори за избор на градоначалник. Избирачките места се отворени од 7 часот, а гласањето ќе трае до 19 часот. Во Избирачкиот список се евидентирани 16.256 граѓани

Народниот правобранител ќе биде достапен за пријавување повреди на избирачкото право во Брвеница

Подрачната канцеларија на Народниот правобранител во Тетово утре, на денот на предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница, ќе биде отворена од 7 до 19 часот. Граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на