
Под покровителство на Првиот заменик-претседател на Владата, Беким Сали, со централна манифестација одбележана 116-годишнината од раѓањето на Мајка Тереза
Со централна манифестација во Музејот на современата уметност во Скопје беше одбележана 116-годишнината од раѓањето на Мајка Тереза – Гонџе Бојаџиу, една од најпознатите и најпочитуваните личности на светскиот хуманизам. На манифестацијата присуствуваа највисоки државни











