
Овации за македонската чалгиска музика во преполната сала на македонскиот КИЦ во Загреб
Филип Шурбевски – Езгија квартет ја донесе магијата на македонската традиционална чалгиска музика во македонскиот Културно-информативен центар во Загреб, потврдувајќи ја улогата на оваа институција како значајна сцена за афирмација на македонската култура и традиција.











