Училишниот хор и оркестар на ООУ „Кузман Јосифовски Питу“ на интернационалниот музички фестивал „Претстави ја традицијата“ во Италија

Македонската музичка експедиција на хорот и оркестарот од  ООУ „Кузман Јосифовски Питу“,  настапија на 11-тиот Интернационален фестивал на народни песни и ора, насловен под мотото: „Претстави ја својата традиција“. -Овие наши талентирани ученици, беа вистински млади културни амбасадори на својата земја, претставувајќи ги македонските традиционални обичаи и народни песни на два одржани концерта. Со  детска раздраганост и ведрина, хорот и …

Continue Reading

Солистички концерт на Дино Имери на „Охридско лето“

Секоја година „Охридско лето“ дел од својата програма отстапува за домашните музичари и уметници. Така вечерва сцената на катедралната црква „Света Софија“ е резервирана за концертот на Дино Имери, еден од најреномираните македонски пијанисти. Дино Имери со огромен успех настапува на престижните сцени низ светот, како гостин на врвни оркестри, како уметник – изведувач на  рецитали и како камерен музичар. …

Continue Reading

Почна манифестацијата „Вевчанското лето 2023“

Со концерт на групата „Лугер“ и дуото Викторија и Алмир синоќа во Вевчани беше отворена манифестацијата „Вевчанско лето 2023“. Вевчанското лето, како што истакна Наташа Кукоска во името на Општината, е манифестација која има за цел да го збогати културниот живот во Вевчани, да ја збогати туристичката понуда, да ги анимира младите љубители на култура, спорт и уметност. – Оваа …

Continue Reading

Во Крива Паланка синоќа џез концерт на „Гордан Спасовски трио“

Публиката во Крива Паланка синоќа имаше несекојдневна прилика да ужива во настапот на „Гордан Спасовски трио”, еден од современите македонски џез ансамбли кој ја негува македонската џез традиција. Концертот со репертоар од албумот „Лајт Пилар” (Light pillar) беше дел од програмата на „Кривопаланечко културно лето 2023″ во организација на Општина Крива Паланка, заедно со институциите од областа на културата, со …

Continue Reading

Објавено јубилејното издание на целокупното творештво на првата македонска поетеса Даница Ручигај

По повод шеесетгодишнината од смртта на првата македонска поетеса и основоположничка на т.н. женско писмо во македонската поезија и литература воопшто Даница Ручигај во скопскиот катастрофален земјотрес на 26 јули 1963 година, деновиве од печат излезе јубилејното издание на нејзината целокупна поезија „Сребрени ноќни игри и Заробеници на ветрот“, што го приредија Свето Стаменов и Искра Чоловиќ, новинари на Македонското …

Continue Reading

Интернационален етнографски филмски фестивал во Битола

Со проекција на словачко-шведскиот етнографски филм „Тапкање на црните чизми“, синоќа во Битола почна второто издание на Интернационалниот етнографски филмски фестивал што се одржува во рамки на фестивалот „Илинденски денови“. Годинава за учество на фестивалот во Битола конкурираа 200 етнографски филмови, но во рамки на фестивалот „Илинденски денови“ ќе се емитуваат 21 филм од 19 држави во светот, истакна селекторот …

Continue Reading

Промоција на „Сложувалка“ – прва стихозбирка на Васил Ханџиски

Во кафе-книжарница ,,Буква” вечер од 20.30 часот ќе биде промовирана  првата стихозбирка на младиот поет Васил Ханџиски насловена  „Сложувалка“, во во издание на „ПНВ Публикации“. Збирката поезија ќе ја промовира  Андреј Медиќ Лазаревски, кој во рецензијата вели дека дебитантската стихозбирка на Ханџиски е сложувалка од теми посветени на првите искуства на секој млад човек и дека е своевидна панорама на …

Continue Reading

Отворање на „Земјотресна недела“ со промоција на антологијата „Скопски раскази“

Со промоција на антологијата „Скопски раскази” и разговор со уредниците на изданието, вечер од 20 часот во Културниот центар Бруталиск ќе почне „Земјотресна недела“  –  серија настани кои до 26 јули ќе се организираат за одбележување 60 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје. Антологијата „Скопски раскази”, која посетителите на вечерашната промоција ќе имаат можност да ја купат по промотивна цена, …

Continue Reading

Костадиновска-Стојчевска: Мој приоритет е целосната вклученост на младите во културата

 – Мој приоритет од самиот почеток на мојот мандат е целосната вклученост на младите во културата и токму тоа беше една од работите кои ги имплементиравме во Предлог-законот за култура, изјави министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска на денешната јавна расправа за Нацрт-текстот на Предлог-националната стратегија за развој на културата за периодот 2023 – 2027 година. Министерката истакна дека главната цел е …

Continue Reading