Јули натпросечно топол, највисоката максимална температура 42,1 степен

Согласно мерењата и набљудувањата на метеоролошките станици во земјава, јули 2023 година беше многу топол и просечно влажен месец во споредба со многугодишните просечни вредности, со исклучок на Маврово и Струмица. Според УХМР, средномесечната температура се движеше од 18,2 степени во Лазарополе до 28,2 во Гевгелија. Споредено со просечните јулски средномесечни температури, за триесетгодишен период (1991-2020), овогодинешната температура беше натпросечна …

Continue Reading

Од утре попладне пороен дожд и ветер

Од утре попладне синоптичарите најавуваат нестабилно време со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со интензивен дожд, ветер и електрични празнења. – Под влијание на атмосферски фронт утре попладне и во ноќните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со интензивен дожд за кратко време (над 20 л/м2 за 6 …

Continue Reading

На „Богородица“ и „Табановце“ се чека околу 30 минути

Поради зголемена фреквенција на возила утрово на ГП „Богородица“ за излез и на ГП „Табановце“ за влез во државата се чека од 15 до 30 минути. Како што соопшти АМСМ, на останатите гранични премини од македонска страна нема поголеми задржувања за влез и излез од државата. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

Continue Reading

Од верските календари

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 22 јули. Денеска е Св. мироносица Марија Магдалина. Света Марија Магдалина црквата ја нарече уште рамноапостолна, бидејќи беше првата што го виде воскреснатиот Христос и проповедаше за тоа. Инаку, потекнуваше од градот Магдала (по тоа е наречена Магдалина). Од неа Христос истера седум демони. Од тој момент таа толку го возљуби Господа …

Continue Reading

На денешен ден

1789.- Парламентот на Франција за време на Француската револуција им ги укинал сите привилегии на феудалците. 1792.- Во Филд Плејс бил роден Перси Биш Шели, англиски писател, еден од најголемите лиричари во светската поезија. Во поемата „Кралицата Маб“ му дал израз на својот револуционерен дух „против кралевите“, свештениците и политичарите. Умрел во Лондон, на 8 јули 1822 година. 1859.- Во …

Continue Reading

Астрономски календар

Денеска е петок, 4 август 2023 година, 216-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 149 дена. Од Гордана Василева 00:07, 4 август, 2023 Астрономски календар Скопје, 4 август 2023 (МИА) – Денеска е петок, 4 август 2023 година, 216-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 149 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 30 …

Continue Reading

Температури до 40 степени, УВ-индекс 9

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, кој долж Повардарието повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22, а максималната ќе достигне од 34 до 40 степени. УВ-индексот ќе биде 9. Во Скопје сончево и многу топло со умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура …

Continue Reading

Половина час се чека на граничните премини Табановце и Богородица

На граничните премини Табановце и Богородица попладнево поради зголемена фреквенција на возила, времето на чекање е околу половина час, соопшти Авто мото сојузот на Македонија. На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата, а интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е зголемен.

Continue Reading

Без вода корисниците од улица „Каирска“

Поради уличен дефект на ул.„Каирска“ 1, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица. Водоснабдувањето, како што информираат од ЈП Водовод и канализација – Скопје, ќе биде прекинато од 14:45 часот до завршување со санација на дефектот.

Continue Reading