Во водата имало хемиско средство за перење или одмастување: пристигнаа резултатите од шишето со кое се затру маж во Риека

Во-водата-имало-хемиско-средство-за-перење-или-одмастување-пристигнаа.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Објавени се главните резултати од прегледот на шишето од кое пиел младиот човек кој беше отруен во Риека, пренесуваат медиумите во регионот.


Според написите, резултатите од вештачењето на течноста од чашата што ја конзумирал повредениот по физичко-хемиски својства се поклопуваат со течноста од шишето со ароматизиран безалкохолен пијалок што му е послужен, додека со анализата е утврдено дека се работи за високоалкални водени соединенија (pH=13,6), соопшти полицијата.

„Врз основа на утврдениот хемиски состав може да се констатира дека се работи за средство за перење и/или одмастување. Во 20 неспорни стаклени шишиња од истиот пијалок добиени во оригинално пакување, утврдено е дека содржат проѕирни течности со рН од 3,5, што одговара на pH вредностите на овие видови пијалоци.

Во врска со првиот пријавен настан на подрачјето на ПУ Загреб од 7 ноември, завршено е и вештачењето на течноста од пластичното шише со безалкохолен пијалок при што е утврдено дека течноста од шишето има pH вредност од 2,59, што е вообичаено и за овој вид пијалок, а во течноста не се откриени соединенија што би било невообичаено за овој вид на пијалок“, се вели во соопштението на полицијата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK