Со автомобил ја удрил Данка, па телото со колегата го фрлил во депонија: Работник на „Водовод“ го признал делото откако се пронајдени траги

гггг.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







С.Ј. (50) од Злот е уапсен откако признал дека со колега ја убиле Данка Илиќ (2), а потоа нејзиното тело го фрлиле на дива депонија.

Во автомобилот биле пронајдени траги од крв, по што била извршена ДНК анализа и потврден идентитетот на исчезнатата Данка Илиќ.

„Според планот за работа на компанијата се знаеше кој го возел автомобилот во критичното време, со проверка на базните станици, се потврди. Осомничените се приведени и веднаш го признале убиството“, вели изворот на „Блиц“.

„Припадниците на МВР по десетдневна опсежна акција, по детални проверки на сите траги и информации, ги уапсија С.Ј. (1974) и Д.Д. (1974), двајцата од Бор, поради сомнение дека го убиле двегодишното девојче Данка Илиќ“, се вели во соопштението на МВР.

Двајцата осомничени во целост го признале делото, а во тек е претрес на теренот за потрага по телото.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK