Samsung Galaxy S21 5G го следи вашиот брз живот во чекори!

Samsung-S21-5G-35-678x381
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Samsung Galaxy S21 серијата одушевува со своите перформанси како ниту една друга серија на телефони досега. Тимот на Опсервер, го имаше задоволството да направи рецензија за Samsung Galaxy S21 5G. Можеби е најмал од останатите мобилни телефони во серијата, Galaxy S21 Ultra 5G и Galaxy S21+ 5G, но сепак воодушевува со сите свои карактеристики и перформанси.







Доколку Galaxy S21 Ultra е преголем за вас или го надминува вашиот буџет, нема да погрешите со купување на Galaxy S21 5G – на пример и овој основен уред од оваа серија, како и другите два, на задната страна има матиран завршен слој кој му дава луксузен изглед на самиот телефон. Samsung успеа да ја балансира цената и квалитетот на овој уред, без истиот да изгуби во квалитет. Тоа го заклучивме веднаш откако го отпакувавме телефонот, а патувањето низ неговите квалитетни содржини започна со неговото вклучување.

Најпрво, многу е важно што Samsung Galaxy S21 5G е компактен за држење во рака. Samsung успешно го дизајнирале полесен, со заоблени рабови и со големина не дисплејот од 6,2”. Задоволството да се работи на овој телефон е неверојатно, со оглед на тоа што има супермазен екран од 120 HZ, Infinity Display, Dynamic Amoled 2x, но и многу важно, содржи и eye comfort shield, при што долгото гледање во екранот од телефонот нема да пречи на очите. Секако и Gorilla Glass Victus™ овозможува целосна заштита на екранот од гребење и оштетување, така што безбедноста на екранот е доста висока.

Samsung произведува многу квалитетни екрани, така што ниту кај овој телефон немаат потфрлено во својот квалитет. Без разлика дали работите, играте игри или сте активни на социјалните мрежи, опуштено ќе скролате по екранот без притисок и пречки на вашиот вид. На врвот на екранот се наоѓа малечкиот процеп за звучник, кој испушта стерео звук, како и звучникот на долниот дел од  телефонот.

Познати по своите квалитетни камери, овој модел на телефон има три камери на задната страна и селфи камера од 10 MP. Трите камери на задната страна од телефонот се рамномерно распоредени. На врвот се наоѓа ултрашироката камера со 12 MP, под неа е широкоаголната камера од 12 MP и трета е телефото камерата од 64 MP.

Фотографиите со овој телефон се врв, но и видеата кои се снимани со 8K, највисоката резолуција на еден паметен телефон. Секако, на снимките нема “тресење” поради Super Steady опцијата за стабилизирање на кадарот и истата прави видеата да изгледаат како акциска сцена од филм.

Samsung Galaxy S21 5G доаѓа со најмала батерија од триото телефони од оваа серија, со 4000 mAh. Оваа моќност на батеријата е сосема доволна да ги поддржи долгите часови на користење на телефонот, без да имате потреба од полнач за кратко време.

Со безбедност на високо ниво со безбедносната платформа Knox и со процесорот од 5nm, Samsung Galaxy S21 5G  е совршен за брзиот начин на живот, без разлика која е вашата професија или хоби.

Како и минатата година, така и оваа, Samsung го повтори успехот и ги понуди најдобрите предводници на телефони во светот на Android. За секој што бара врвен телефон со одличен екран, одлични камери и врвни перформанси, но и со одлични димензии за полесно управување, сето тоа ќе го најде во Galaxy S21 5G.

Овој телефон ве следи во секој чекор од брзиот живот. Ние од Опсервер, го препорачуваме овој уред на сите оние кои што сакаат да го истакнат својот квалитет на живеење.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK