Руте: Извонредна чест е да се биде назначен за генерален секретар на НАТО

MARK-RUTE.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Холандскиот премиер Марк Руте изјави денеска, откако беше официјално назначен за следен генерален секретар на НАТО, дека Алијансата ќе остане камен-темелник на колективната безбедност на нејзините членки.


„Извонредна чест е да бидам назначен за генерален секретар на НАТО. Алијансата е и ќе остане камен-темелник на нашата колективна безбедност. Водењето на оваа организација е одговорност што не ја земам лесно“, напиша тој на мрежата Икс.

Руте ќе го замени Норвежанецот Јенс Столтенберг на функцијата генерален секретар од 1 октомври.

Мандатот на Столтенберг, кој беше обновен четири пати од 2014 година, кога беше првпат назначен, завршува.

Амбасадорите од 32 земји на НАТО ќе го ратификуваат назначувањето за време на состанокот на Северноатлантскиот совет, политичкото раководно тело на Алијансата, во Вашингтон од 9 до 11 јули.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK