Русија со предупредување поради инциденти во Црното Море: „Може да има директна војна“

127cf9ce-57a7-4d76-be89-89b0f84602c1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Русија издаде предупредување за американските шпионски беспилотни летала во Црното Море, дека нејзините сили ќе усвојат „мерки за брз одговор“ за да спречат потенцијални инциденти во воздушниот простор.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека американските беспилотни летала се повеќе се појавуваат над Црното Море и го обвини Вашингтон дека ги користи за извидување и размена на разузнавачки информации со Киев.

Тие додаваат дека новиот руски министер за одбрана Андреј Белоусов му наредил на Генералштабот на Армијата да преземе мерки против американските беспилотни летала.

Предупредувањето од Русија доаѓа откако американскиот секретар за одбрана Лојд Џеј Остин за првпат разговараше со Белоусов во вторникот.

„Зголемените летови на американските беспилотни летала над Црното Море укажуваат на зголемена вклученост на САД и земјите од НАТО во конфликтот во Украина на страната на Киев“, се вели во соопштението на руското Министерство за одбрана.

„Ваквите летови во голема мера ја зголемуваат веројатноста за инциденти во воздушниот простор со авиони на руските воздушни сили, што го зголемува ризикот од директен конфликт меѓу алијансата и Руската Федерација. Земјите на НАТО ќе бидат одговорни за ова“, соопшти министерството, пренесуваат медиумите во регионот.

„Министерот за одбрана на Руската Федерација, Андреј Белоусов, му наложи на Генералштабот на вооружените сили на Руската Федерација да подготви предлози за брз одговор на провокациите“, додаваат тие.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK