Полскиот премиер: Мора да одлучиме како ќе продолжиме да и’ помагаме на Украина

donald-tusk-EPA.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Полска речиси сигурно ќе потпише билатерален безбедносен договор со Украина пред самитот на НАТО во јули во Вашингтон, изјави полскиот премиер Доналд Туск.

Туск во четвртокот изјави дека пред самитот на НАТО во Вашингтон, кој почнува на 9 јули, ќе се разговара со украинскиот претседател во Варшава.

„Морам, заедно со министерот за одбрана,  да одредам како можеме да продолжиме да и помагаме на Украина, но не можеме да ги ослабиме одбранбените способности на Полска“, изјави Туск пред новинарите.

Туск рече дека договорот е практично „завршен“ и дека треба да се разјаснат само неколку детали и формулации.

„ 99 проценти се шансите да го потпишеме овој договор со претседателот Зеленски (пред самитот)“, рече тој.

Европската унија и двете нејзини земји-членки, Литванија и Естонија, потпишаа договори за безбедност со украинскиот претседател Володимир Зеленски на самитот во Брисел.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK