Најмалку 17 лица загинаа во текот на ноќта во бегалскиот камп Нусејрат во центарот на Газа, од израелското бомбардирање, јавува Ал Џезира, повикувајќи се на локални медиуми.
Претходно беше потврдено дека најмалку седум лица се убиени во напад на куќа во Нусејрат, додека претходно беше потврдено дека пет лица се убиени во одделен напад на кампот, се наведува во извештајот.
Најмалку 274 раселени Палестинци беа убиени во бегалскиот камп Нусејрат претходно овој месец, откако израелската армија спроведе операција за спасување на четворица израелски заложници кои беа држени таму.