Потпретседателката на Соединетите Американски Држави, Камала Харис, денеска ја отфрли идејата дека претседателот Џо Бајден треба да се повлече од изборната трка откако демократскиот претставник Лојд Догет од Тексас го повика да ја напушти трката по лошиот настап на минатата неделна дебата.
„Гледате, Џо Бајден е нашиот кандидат. Го победивме (републиканскиот кандидат Доналд) Трамп еднаш и ќе го победиме повторно, точка“, рече таа во интервју за „Си-би-ес њуз“.
Таа нагласи дека се гордее што е потпретседател на Џо Бајден и одби директно да одговори на прашањето дали е подготвена да ја води земјата доколку е потребно.