Новак Ѓоковиќ доби тешка група за Завршниот мастерс во Торино. Ѓоковиќ ќе ја брани титулата на турнирот кој во кариерата го освоил шест пати.
Грушите беа извлечени електронски. Ѓоковиќ е носител на „Зелената група“, а противници ќе му бидат Јаник Синер, Стефанос Циципас и Холгер Руне.
Светскиот рекет број 2, Карлос Алкараз е носител на „Црвената група“. Тој ќе игра против Данил Медведев, Андреј Рубљов и Александар Зверев.
Последниот АТП турнир во сезоната е закажан за 12-19 ноември во Торино.