Битиќи: Никој не им помогна на граѓаните погодени од невремето

118851391_103520244824579_4529813634920007581_o-e1602857661226.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Фатмир Битиќи од СДСМ ја искритикува новата Влада и рече дека никој од нив не им помогнал на граѓаните во Полошкот регион погодени од силното невреме во неделата.

„Дали некој од Владата се појави да им помогне на граѓаните во Полошкиот регион погодени од невремето во неделата? Не?! Изгледа ладовините во Штип и вилата на Водно се нивната идеја за “рамномерен” регионален развој. Многу ветувања за фуриозен почеток но слаба реализација“, напиша Битиќи на ФБ.

Поплавени куќи, подруми, гаражи, улици, паднати дрвја, оштетени автомобили, фасади се последиците од силното невреме со ветер, дожд и град, коешто го зафати Скопскиот и Полошкиот регион во неделата. Стотици граѓани пријавија штети на домовите, возилата, инсталациите за електрична енергија, а поплавени беа и градинки, болници и други објекти.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK