На денешен ден

na denesen den
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

1660.- Во Мадрид умрел Диего Родригес де Силва Веласкес, еден од најпознатите шпански и светски сликари. Неговите дела се одраз на генијалноста на уметникот, кој екстатичниот барок и мистицизмот на своето време ги надминал со духот на критичкиот реализам. Најпознати негови дела се “Дворски дами”, “Предавањето на Бреда” (наречено и “Копја”), “Венера со огледало” и “Ткајачи на килими”. Роден бил во Севилја, на 6 јуни 1599 година.







 

1816.- Францускиот лекар Рене Ленак го измислил стетоскопот. Овој инструмент за слушање на работата на срцето и белите дробови по неколку усовршувања станал составен дел на инструментите на секој лекар.

 

1830.- Француското Собрание го избрало Луј Филип за крал на Франција, после падот на Шарл Десетти Бурбонски во Јулската револуција. Новиот монарх станал познат како „кралот граѓанин“.

 

1858.- Кралицата Викторија Прва ја избрала Отава за престолнина на британскиот доминион Канада.

 

1895.- Во Венеција, Италија била отворена првата меѓународна изложба на модерната уметност, која оттогаш се одржува секоја втора година.

 

1957.- Умрел американскиот филмски актер Оливер Норвел Харди, симпатичниот „дебелко“, чиј неповторлив хумор заедно со Стен Лорел и сега ја засмејуваат публиката ширум светот. Тој играл во филмовите „Ние од Оксфорд“, „Двајца добри другари“, „Голема работа“, „Наша жена“, „На дивиот запад“ и други.

 

1960.- Брегот на Слоновата коска прогласил независност од Франција.

 

1987.– Во Дојран умрел Михајло Апостолски, генерал-полковник, народен херој, академик. Во НОВ на Македонија станал командант на покраинскиот односно на Главниот штаб на НОВ и на партизанските одреди на Македонија со кои успешно раководел се до ослободувањето на земјата. Тој бил еден од двигателите и основоположниците на современата македонска историографија. Роден бил во Штип, на 08 ноември 1906 година.

 

1989.- Во Скопје умрел Ристо Калчевски, истакнат македонски сликар и ликовен педагог. Роден бил во Прилеп, во 1933 година.

 

2002.- Меѓународниот монетарен фонд за економско заздравување на Бразил му одобрил кредит од 30 милијарди долари, што бил најголем износ во историјата на таа меѓународна финансиска институција.

 

2003.- Индонезискиот суд му изрекол смртна казна на исламскиот терорист Амрозиј, вмешан во бомбашки напад на островот Бали во 2002 година во кој загинале 202 луѓе, главно странски туристи.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK