Во Скопје 202 санкционирани возачи, 64 за брзо возење

policija-stop
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот, при што на територија на град Скопје изречени се вкупно 202 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 64 санкции, 15 мерки за возење без возачка дозвола, осум санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, четири санкции за возење под дејство на алкохол.







Како што соопшти МВР, изречени се девет мерки за користење мобилен телефон при возење, 12 санкции за непочитување на првенство на минување, седум мерки за минување на затворн сигнал (црвено светло), шест санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, пет мерки за некористење сигурносен појас…

МВР потсетува дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK