Кризата во Бугарија продолжува: никој не може да формира влада, на повидок се нови избори

1636913899-h_57292570-750x498.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Претставниците на партијата „Има таков народ“ денеска на бугарскиот претседател Румен Радев му го вратија третиот и последен мандат за состав на влада со што се отвора патот за закажување на вонредна парламентарна избори.

Мандатот што и беше врачен на ИТН беше последна шанса за формирање на редовна влада во рамките на сегашното Народно собрание, јавува Бугарското радио. Претседателот Радев сега треба да го одреди датумот на предвремените избори за парламентот, откако неисполнети му беа вратени трите мандати за формирање влада.

На изборите во април минатата година, ГЕРБ освои 69 пратенички мандати, додека коалицијата предводена од партијата „Продолжуваме со промените“ освои 64 од вкупно 240 места во бугарскиот парламент, а нивните обиди за формирање влада претходно беа неуспешни.

Првиот мандат Радев и го довери на коалицијата ГЕРБ-СДС, но таа не формираше влада, мандатарката Марија Габриел се откажа и го врати мандатот.

Вториот мандат за состав на влада му беше доверен на Николај Денков.

Третиот мандат за состав на влада, според бугарскиот устав, претседателот го доверува на една од останатите парламентарни сили, по негова дискреција, во рок од 7 дена. Според уставот, доколку не се постигне договор за формирање влада, претседателот по консултација со пратеничките групи назначува преодна влада и распишува нови предвремени избори во рок од 2 месеци.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK