Додаток за прво родено дете од 3.250 евра ќе исплаќа Србија од 1 јули

bebe.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK


 Родителскиот додаток за родено прво дете во Србија од 1 јули годинава изнесува 380.161 динари (3.250 евра), предвидено со решението потпишано од министерката за семејна грижа и демографија, Милица Ѓурѓевиќ Стаменковски, јави Бета.

Родителскиот додаток за второ дете, што се исплаќа на 24 рати, сега изнесува 337.225 динари (2.880 евра), 14.051 динари месечно, за трето дете што се исплаќа на 120 рати, 2.023.352 динари (16.861 динари месечно), а за четврто дете 3.035 029 динари на 120 рати (25.291 динари месечно), се наведува во соопштението.


Еднократната помош за родено второ и трето дете, за деца родени на 1 јули годинава и подоцна, изнесува 126.720 динари, додека паушалот за набавка на опрема за детето изнесува 7.025 динари.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK