Најмалку 14 лица загинаа, а шест се повредени при уривање на трикатна зграда во јужниот дел на Египет.
Инцидентот се случил под засега неразјаснети околности во провинцијата Асиут.
14 people killed, 6 rescued with injuries following building collapse in Upper Egypt governorate of Assiut #Egypt #Egyptian #Assiut #MENA #News #2luglio #WorldNews pic.twitter.com/fwDCov2y4G
— Viory Video (@vioryvideo) July 2, 2024
Спасувачите повеќе од 24 часа трагаа по луѓето затрупани во урнатините, јавуваат медиумите.
Гувернерот на провинцијата Есам Сад го посети местото на трагедијата и побара од надлежните агенции да ги координираат напорите за што поскоро плаќање на отштетата и поддршка на повредените и семејствата кои останаа без покрив над главата.
„Извршена е проверка на соседните куќи за да се потврди нивната безбедност“, се вели во соопштението од неговата канцеларија, во кое се наведува дека некои згради за кои е утврдено дека претрпеле значителна штета од уривањето на трикатната зграда се евакуирани како мерка на претпазливост.