(ВИДЕО) Несекојдневна случка во Истанбул

TURKIE-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Турските навивачи се познати како едни од најстрасните во светот.


Тоа е особено се забележува за време на Европското првенство во Германија, каде нивната репрезентација под водство на селекторот Винченцо Монтела и со поддршка од илјадници навивачи стигна до четвртфиналето во кое ќе играат со Холандија.

Во осминафиналето Турција во Лајпциг ја победи Австрија со 2:1, а херој на победата беше стоперот Мерих Демирал, кој постигна два гола. Натпреварот го следеа многу навивачи во нивната татковина, а на интернет од Истанбул се прошири навистина необична сцена.

Една фан зона со голем екран се наоѓала веднаш до железничката пруга каде што еден воз решил да застане некое време.

Патниците гледаа во екранот низ прозорецот, а машиновозачот со сирена ја поздрави толпата и го предизвика нивниот ентузијазам.

Затоа Турците се поинакви од останатите, едноставно имаат посебен темперамент.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK