Партизан потврди дека Пантер го напушта клубот

2604foto-STARSPORT-e1683731087299-1000x560-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Она што со недели се најавуваше, претпладнево доби официјална потврда. Кевин Пантерго напушти Кошаркарскиот клуб Партизан. Клубот ја потврди разделбата на на официјалните профили на социјалните мрежи.

„По три незаборавни сезони, Кевин Пантер ова лето заминува од ККПартизан.

Капитенот на црно-белите и клубот спогодбено се разделија.

Еден од најомилените играчи на Партизан во последните три години засекогаш ќе остане дел од црно-белото семејство!

„Кеп“, каде и да играш понатаму во кариерата, твојот дом секогаш ќе биде во црно-белиот Белград“, стои во клупското соопштение.

Кевин Пантер во Партизан дојде од Олимпија Милано летото 2021 година. Следното лето тој стана вториот странец-капитен во историјата на Партизан и за трите години поминати во клубот се здоби со статус на еден од играчите на кои навивачите му посветија најмногу внимание во современата историја на Партизан.

Сезона 2022/2023. беше најуспешен кога е во прашање неговиот престој во Партизан. Тој беше избран во втората најдобра петорка на Евролигата и ги предводеше црно-белите во четвртфиналето на Евролигата.

Интересно, Партизан е единствениот клуб каде Пантер помина повеќе од една сезона како професионалец. Пантер студираше на универзитетите Стејт Фер и Тенеси, а откако не беше избран на драфтот се пресели во Европа. Во кариерата играше за Лаврио, Антверпен Џајантс, Роса Радо, АЕК Атина, Виртус Болоња, Олимпијакос, Црвена Звезда и Олимпија Милано.

Се уште не е официјално објавено каде 30-годишниот Њујорчанец ќе ја продолжи кариерата, но европските медиуми пренесуваат дека е многу блиску до потпишување договор со Барселона.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK