Кек: Не очекував пласман во осминафиналето

AFP0238537622979790740028738371097241441819-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Репрезентацијата на Словенија постигна историски успех на Европското првенство во Германија. Словенците прв пат се пласираа во нокаут фазата на едно големо натпреварување.


Избраниците на Матјаж Кек, во Ц групата, ремизираа со Данска 1:1, Србија 1:1 и Англија 0:0, што им беше доволно за пласман во нокаут фазата. .

„Не очекував дека ќе поминеме. Сепак, со играта заслуживме да одиме понатаму. Игравме против Англија, еден од фаворитите на турнирот. Покажавме ментална сила. Ги анализиравме, но кога станавме пасивни имавме проблеми“, изјави селекторот на Словенија Матијаж Кек и додаде:

„Горд сум на овој тим. Ја видовте енергијата што играчите ја добиваат од нашите навивачи од првиот натпревар. Се радуваме на тоа, но од утре се враќаме на тренинзите, ќе се подготвуваме за следниот натпревар. Имавме тешка група, но имаме врвен тим. Мислам дека ова е почеток на нова и убава ера за словенечкиот фудбал“, рече Кек.

Словенија, која беше трета во групата, заедно со првопласираната Англија, денеска ќе ги дознаат имињата на своите ривали во осминафиналето. Данска од втората позиција оди во Германија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK