Англија без Фоден

Откако извиси за Кепа, Баерн тргна по голманот на Севилја
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Англискиот репрезентативец Фил Фоден привремено ја напушти репрезентацијата, потврдија од фудбалски сојуз на Англија.


Во соопштението  се наведува дека на играчот на Манчестер Сити му е дозволено да се врати во татковината, поради семејни проблеми.

Но причина за неговото патување во Манчестер е раѓањето на неговото трето дете. Тој ќе се приклучи на тимот најдоцна во недела, информираат од таму.

Фоден беше дел од тимот кој заврши на првото место во групата Ц. Тој играше на сите три натпревари, но не успеа да постигне гол или асистенција.

Во осминафиналето на Европското првенство Англија ќе игра против Холандија или третопласираната селекција од групата Е.

Доколку ја надминат таа пречка, во потенцијалното четврт-финале ги чекаат Италијанците или Швајцарците.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK