Силниот ветер направи хаос во Скопје: паднати дрвја, оштетени возила, откачени лимови, искинати кабли од бандери

padnato-drvo-aerodrom.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







На Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК добиени се повеќе пријави за штети и информации за опасности за граѓаните и околината, настанати од невремето во Скопје, што зафати дел од градот.

Настани поврзани со временската непогода која го зафати скопскиот регион.
Булевар Свети Климент Охридски, 66, Скопје (Пријава за паднато дрво врз жена на улицата, во близина на пекара Пастел);

Улица Скупи,бр.22, Скопје (Жици од висок напон, фрлаат искри поради невремето);

Улица Орце Николов, 132, Скопје (паднато дрво во близина на Вардар мебел кај Министерство за одбрана, оневозможен е сообраќајот);

Улица Партениј Зографски, 49, Скопје (паднато дрво врз бандера која паднала во двор);

Улица 51, 41B, Скопје (Добиена информација за паднати кабли од струја кои запалиле нискостеблеста шума трева и грмушки на улица 51 во место викано стопански двор(поег кон Галафарм);

Улица Орце Николов, 143, Скопје (откачен лим од зграда кој е ризичен да падне секој момент);

Улица Кеј Димитар Влахов, 19, Скопје (лимот на стара Комерцијална Банка е откачен и ќе удри или падне на ризично место сред улица);

Улица Борис Трајковски 18, Скопје (падната бандера се држи на кабли);

Булевар Мајка Тереза, Скопје (Паднато дрво кај кардиологија, нема материјални штети или повредени);

Улица Мајка Тереза, Скопје (паднато дрво врз „Форд Фокус“, поради невремето);

Улица Христо Татарчев 14, Skopje (паднато голево дрво од непознат вид врз бадера со кабли од струја ои искрат во моментот во населба Сопиште. Нема материјални штети во моментот.Нема повредени лица;

Булевар Јане Сандански, 52, Скопје (четири паднати дрвја поради невремето, локација Воен базен на патот према касарната);

Улица Јуриј Гагарин 4, Скопје, Козле (откачен лим од приватна куќа, постои опасност да падне и да повреди);
Булевар Видое Смилевски Бато, 30, Скопје (паднато дрво врз две возила и предизвикана материјална штета);

Булевар АСНОМ, 72, Скопје (Постои опасност да падне дрво од силниот ветер, се откорнува од земја);

Улица 12-та Македонска Бригада, Скопје (паднато дрво на улицата по која движат возила);

Булевар Видое Смилевски – Бато, Скопје (паднато дрво врз патничко моторно возило марка сузуки);

Улица 171, 2, Скопје (паднат кабел од невремето во уличката кај влез на паркинг на УКИМ.);

Улица Горноврановска, Скопје ( дрво закачено на бандера со кабли од струја и за кое постои опасност да падне врз гаража во близина. Во моментот нема регистрирани материјални штети или повредени лица);

Улица Душан Тасковиќ 42 Скопје (дрво липа е скршено и паднато врз друго дрво орев);

Локација: Амбуланта Колонија, Скопје (Пријава за скината жица од бандера која е падната во три двора на куќи);

Улица 4, 78, Ново Село, Скопје (падната гранка од дрво врз кабли од ЕВН);

Улица Мајка Тереза, 9, Скопје (паднат електричен кабел сред улица каде и е блокирано движењето во сообраќајот, локација после семафорите према Клиничкиот центар Мајка Тереза);

Улица Душан Тасковиќ, Скопје (паднато дрво, настанот е веќе пријавен);

Улица Жил Верн, Скопје (разлабавени три покрива на фабриката Славија);

Улица Горно Лисиче, 150, Скопје (бандера од ЕВН која е многу навалена и се плашат да не падне.);

Улица Париска, Скопје (паднато дрво каде е блокиран и третоарот, локација пред О.У Георги Димитров- ГУЦ);

Улица 1, 32, Скопје, Шуто Оризари ( прекин на електрична енергија);

Улица Тодор Чангов 52, 21, Скопје ( искрење на паднати кабли од бандера);

Улица Петре Георгиев, 69, Скопје ( Можност за пад на дрва); Булевар АСНОМ 2, Скопје (паднато дрво врз ограда);

Улица Васил Ѓоргов, 29A, Скопје (паднати дрвја и повлечени кабли од бандери на улицата) ;

Улица 3-та Македонска Бригада, Скопје (паднато дрво врз возило)

Улица 2 бр.68 а, Зелениково (скинати жици од ЕВН и поради тоа се без електрична енергија)

Улица Михаил и Ефтихиј, Скопје (можност за пад на дрво)

Улица Партениј Зографски, 46, Скопје (паднато дрво од приватен имот од дворот на пријавителот врз електричнит жици)

Булевар АСНОМ 8, Скопје (наведнато дрво (бор) со висина од 30 метри).

Улица 50-та Дивизија, 26, Скопје (паднато дрво врз друго дрво каде постои опасност да паднат во патеката каде се движат пешаци.)

Улица Анастас Коцарев, Скопје, Ѓорче Петров ( паднато дрво, орев, го попречува приодот на минувачите и возилата.)

Улица Јајце, 60, Скопје (бандера навалена во двор)

Од 112 добиена е пријава и за искинати кабли кои искрат од бандери кои се навалени кај ниските објекти во близина на бензинската станица на Макпетрол, извести ЦУК.

„Се наведува дека истите висат на околу 3 метри од земјата и преставуваат опасност по сообраќајот. Се наведува дека бандерите кои се во моментот навалени постои опасност да паднат со што дополнително се опасност по сите учесници во сообраќајот. Искинатите кабли се на улицата Црноризец Храбар, 34, во Скопје“, соопшти ЦУК.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK