Каква треба да биде исхраната кај децата до три години?!

dete
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Неретко родителите не се сигурни кој е правилниот избор на исхрана за своето дете, колку треба да бидат чести оброците.







Првата препорака на СЗО е дека доколку мајката е во можност детето би требало да се дои до 2 години, но после првата година тоа да се сведе на два пати дневно- најдобро рано наутро и пред заспивање. Во исхраната на децата помали од 1,5 година треба дневно да се внесуваат до 600 мл млеко и млечни производи, а потоа таа количина да се намали.

Што се однесува до цврстата храна, препорачливо е детето да има 5 оброци дневно барем до 1 година и истите да бидат распоредени на еднакви временски интервали од 4 часа. Кај помалите деца наутро и навечер оброкот може да се замени со доење, но после втората година исхраната да се прилагоди според неговите потреби или да се намали на 4 оброци.

Важна е подготовката на детето за во градинка, навремено треба да се почне со привикнување на принципот на исхрана кој е усвоен во предучилишните установи за да може полесно да се адаптира. Најчесто тоа вклучува рано појадување, ужинка, ручек и повторно ужинка. Детето треба да се научи да биде самостојно во процесот на јадењето со тоа што од првата години ќе му се дозволи да јаде само цврста храна, а потоа и течна. После 2 години може да се дава месо исечено на мали парченца, а јаткастите плодови до 3 години се вметнуваат во исхраната како мелен додадок.

Калорисниот внес исто така треба да биде рамномерно распореден во текот на денот со што тој треба да биде најголем за време на ручекот.

Во исхраната на децата мастите се неопходни за правилен развој на мозокот. Овозможуваат енергија поголема од еднакво внесената количина на протеини и јаглехидрати во исхраната. Најмалку треба да бидат застапени мастите од растително потекло, а најмногу млеко и млечни производи.

Дозволени се каши кои е препорачливо да имаат важно место во исхраната бидејќи се богати со витамини, а исто така може да се даваат житарици, помали тестени и леб, но не и црн кој посакувано е да се воведе во исхраната после 2 години.

Родителите се најригоризни во намерата да ги ограничат шеќерите во исхраната, но тие би требало да бидат присутни поради инстантно потполнување на енергетски потреби затоа што поради големата раздвиженост кај децата тие брзо се трошат.
Сокови од цитрусни овошја се дозволени после првата година, а зачини и зеленчук се препорачуваат од три години.

Важно е да се истакне дека секое дете има индивидуални потреби, но потребна е и консултација со педијатар и литература. Со воведувањето на секоја нова намирница треба да се внимава на алергиски реакции.

М.Кизова

фото: pixabay

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK