Во Белград наврнаа 80 литри дожд, пожарникарите спасуваа на 40 локации

hjhjhjj.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Невремето што синоќа го зафати Белград донесе многу проблеми. Пожарникарите-спасувачи во текот на ноќта беа ангажирани на повеќе од 40 локации на територијата на градот.

Во Белград синоќа наврнаа повеќе од 80 литри дожд на метар квадратен, што предизвика големи проблеми. Најголемата е што канализацијата не можеше да прими толкава количина на вода, па остана во сите вдлабнатини, подвозници, засеци. Невремето прво ги зафати населбите Сремчица и Подавла, потоа центарот на градот и Баново брдо.

Водата однесе бројни капаци од шахти, па десетина возила беа оштетени додека минуваа низ водата. Сите комунални служби се на терен и ги санираат последиците од поплавите. Милан Коциќ од Одделението за вонредни состојби за РТС изјави дека во Белград се уште се врши испумпување на водата.

Утрово избувна пожар во магацин на Петлово брдо покрај Ибарската магистрала. Според првичните информации нема повредени, во гаснењето учествувале 12 возила и 30 пожарникари кои успеале да го локализираат пожарот.

На повеќе од 40 локации на територијата на Белград поради обилни врнежи во текот на ноќта биле ангажирани припадници на Одделението за вонредни состојби, а најголем број интервенции имало во окрузите Колубара и Расин, соопшти полицијата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK