Израел ќе почне да спроведува четиричасовни паузи во борбите во северниот дел на Газа секој ден, објави Белата куќа.
Портпаролот Џон Кирби го нарече потегот чекор во вистинската насока и рече дека САД сакаат паузите да продолжат се’ додека се потребни. Нагласи дека паузите ќе им овозможат на луѓето да се спасат, ќе може да се испорача хуманитарна помош, но и да се извлечат заложниците.
Соединетите држави имаат за цел да видат најмалку 150 камиони со помош кои влегуваат во Газа секој ден.
Три часа однапред ќе се знае кога ќе почне паузата, беше посочено.