Време е за враќање на врвот на Европскиот фудбал

van.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Таленти нема да недостигаат ниту на двата краја на теренот, но на прв поглед се издвојува искуството и квалитетот на холандската одбрана.

Заедно со вечниот командант и капитен на Ливерпул, Вирџил ван Дијк, тука се и Нејтан Аке од моќниот Манчестер Сити, подзаборавениот Дејли Блинд, де Лигт од Барса, тандемот на Интер Стефан де Фрај и Дензел Дамфрис и германскиот шампион со Леверкузен Џереми Фримпонг…

Во отсуство на двајца важни играчи во средниот ред, играчот на Лајпциг Чави Симонс ќе има можност да блесне во портокаловиот дрес.

Иако во доцните играчки години се пресели во Саудиска Арабија, ниту Жоргињо Вајналдум не беше заборавен.

Задача да ги тресат мрежите ќе имаат Стивен Бергвајн, Доњел Мулен, Вут Вегхорст, Коди Гакпо од Ливерпул и вториот најдобар стрелец во историјата на холандската репрезентација Мемфис Депај.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK