Јамал „најголема“ ѕвезда на Европското првенство

jamal.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Ламине Јамал е една од најголемите ѕвезди на Европското првенство во Германија.


16-годишниот крилен напаѓач стана најмладиот играч што настапил на Европското првенство.

Многумина го споредуваат со Лео Меси, но самиот Јамал инсистира дека не е достоен за такви споредби:

„Тој е најдобриот играч во историјата и фактот што не споредуваат е неверојатен, но овие споредби не се на место. Никој не може да се спореди со него, дури ни јас. Се надевам дека ќе постигнам барем половина од неговата кариера“.

Според многумина, Меси е најдобриот фудбалер на сите времиња.

Освои вкупно 44 трофеи, што го става на самиот врв во целата историја на спортот.

Во кариерата постигна 837 гола и асистираше 374 пати.

Со Светското првенство во Катар ги заокружи освојувањето на сите можни трофеи на репрезентативен и клупски план.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK