Глигор Димитров за „Макфакс“: Сакам да стигнам до крајните фази на турнирот

449176716_7760094737359209_2489568067550086566_n.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

По успешниот старт на Вимблдон на Григор Димитров, во кој го победи Србинот Душан Лајовиќ со 3-0, популарниот Гришо одговори и на прашања на известувачот на македонската агенција „Макфакс“.


Како го виде денешниот меч против Србинот Душан Лајовиќ? Гледано од страна, се чинеше многу лесен меч, освен во третиот сет кога мораше да враќаш бреик?

„Можеби од трибините изгледаше за лесен меч, меѓутоа воопшто не беше лесен, особено кога е почеток на турнирот и кога ти одат различни мечови по различен начин во различно време. Но, има уште многу што сакам од себе си, и се надевам дека наредните денови ќе се чувствувам подобро и ќе дадам уште повеќе на теренот. Се надевам ако тоа го постигнам дека и играта ќе ми се подобри“.

На минатиот Вимблдон стигна до осминафиналето. Тогаш изјави дека го играш најдобриот тенис во кариерата. Какви се амбициите за оваа година?

„Ова е различна година, и сосема различен Григор. Не сакам да мислам многу однапред. Се разбира дека сакам да стигнам до крајните фази на турнирот. И тогаш ќе можам да оценам до каде сум стигнал во однос на минатата година. Но, имам многу работа за да стигнам до таму. Затоа, повеќе сакам да одам чекор по чекор, меч по меч, па ќе видиме до каде ќе стигнам“.

Ненад Живановски

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK