Тошковски-Лимани: Jа анализиравме ситуацијата на граничните премини за пронаоѓање решенија за забрзување на протокот на возила и патници

toskovski-limani1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Денеска во МВР, министерот Панче Тошковски се сретна со министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани.


„Заедно ја анализиравме ситуацијата на граничните премини во насока на пронаоѓање решенија за забрзување на протокот на возила и патници на двете страни на границите во овој период на зголемена фреквенција на граничните премини заради годишните одмори кога огромен број од нашите иселеници се враќаат во татковината“, извести Тошковски.

„Ги разгледавме можностите за унапредување и промена на некои од процедурите на границите со цел забрзување на протокот на луѓе и намалување на времето на чекање и на двете страни на границата. Секако со министерот Лимани потенциравме посветеност за унапредување на соработката и координацијата помеѓу двете институции што ќе резултира со унапредување на безбедност на сите наши граѓани што е една од главните стратешки цели на новата Влада“, додава министерот за внатрешни работи.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK