Од четврток почнува електронското пријавување за упис во средно образование, ќе трае до 25 јуни

Андоновски-Во-Министерството-за-администрација-се-архивираат-одлуки-со-вчерашен.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Првото електронско пријавување за упис во средното образование за 2024/2025 ќе се одржи од 20 до 25 јуни до 15 часот. Второто пријавување ќе биде на 1 и 2 јули до 15 часот.


Од четврток (20 јуни) до вторник (25 јуни до 15 часот) ќе се спроведува првото електронско пријавување на учениците за запишување во средно образование за учебната 2024/2025 година. Второто пријавување во јунскиот уписен рок ќе биде на 1 и 2 јули до 15 часот.

 Со цел да се оптимизира процесот за запишување во средните училишта, Министерството за образование и наука и оваа година овозможи електронско аплицирање. Пријавувањето е преку линк до порталот за електронски услуги на МОН (https://e-uslugi.mon.gov.mk) со специјална најава за средношколци преку сопствените кориснички сметки на schools.mk.

Од МОН појаснија дека регистрација на системот нема да биде потребна и најавата ќе се врши исклучиво со корисничките сметки на schools.mk.

“Упатството за логирање/најава во системот и пополнување на пријавата ќе биде поставено со линк на страната за логирање/ најава”, посочи МОН.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK