Во Велешко езеро „непозната материја” плива на неговата површина. На својот Фејсбук профил Игор Смилев, член на политичката Партија Левица во Велес соопшти дека на езерото лебди материја која зафаќа во дел од денот и над 50% од водната површина.
„И после повеќе од три недели од еколошката голгота низ која поминува велешкото езеро ” Младост” се уште нема официјални резултати каква “непозната материја” плива на неговата површина. Мустрите се земени одамна и го “чекаме Годо” да дојде и да ни ги соопшти. Или можеби се подготвува убаво наштелуван експертски текст во кој кабелот ќе биде крив или во најмала рака алгите, крапот и сомовите. Небаре фисија и фузија на атомот на водата се прави. Колку за илустрација. Резултатите од испитувањето на Примероците од троската од Велешката топилница(земени лично од велешки активисти на ЕГ Грин Пауер на 28 февруари 2024) беа готови за неполни три недели и соопштени транспарентно“, пишува Смилев.
Претходно имаше информација дека има угинати риби во езерото, а причините за поморот не беа соопштени.