Димитриеска Кочоска-Гир: Континуитет во поддршката од ЕУ, МФ ќе го искористи искуството за спроведување на реформскиот план

05073.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска оствари средба со евроамбасадорот Дејвид Гир на која соговорниците се осврнаа на реформите коишто и претстојат на земјата во нејзиниот евроинтегративен процес.


На средбата беа разменети мислења за активностите што ги презема Министерството за финансии како институција која е координатор во рамки на Економско-финансискиот дијалог со ЕУ, како и за Реформската агенда на земјата поврзана со новиот План за раст на Западен Балкан, а која активност ја реализира Министерството за финансии заедно со Министерството за европски прашања.

„Министерството за финансии ги координира активностите во рамки на Економско-финансискиот дијалог веќе 10 години и во тој процес има континуитет. Тоа искуство ќе се искористи и во рамки на реформскиот процес поврзан со Планот за раст на Западен Балкан“, рече министерката.

Таа изрази уверување дека реформите што се поврзани со Министерството за финансии во рамки на тој евроинтеграциски процес ќе бидат во фокусот на работата, бидејќи тие значат и унапредување на процесите и приближување на земјата до ЕУ стандардите.

Како што беше посочено ЕУ е значаен поддржувач на земјата од нејзината независност и дека таквата поддршка ќе продолжи и во наредниот период.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK