Alcazar Energy Partners најавува инвестиција од 500 милиони американски долари за најголемиот парк на ветерници во Македонија со капацитет до 400MW

alcazar_001
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Alcazar Energy Partners, водечкиот инвеститор во обновливи извори на енергија во пазари во развој, го објави почетокот на инвестицијата на најголемиот парк на ветерници во Северна Македонија со капацитет до 400MW. Проектот претставува клучен чекор во компаниската цел да ја развие најголемата платформа за обновливи извори на енергија во Западен Балкан.

Инвестицијата, што ќе ја надмине бројката од 500 милиони американски долари, ќе биде најголема во Македонија, а со тоа и еден од најголемите проекти во Западен Балкан. Македонскиот капацитет ќе се зголеми за пет пати кога ветерниците ќе бидат целосно оперативни. Финансиското затворање на целата операција и добивањето на потребните дозволи, се очекува да заврши во 2025 и изградбата да започне на почетокот на 2026 година.


„Пресреќни сме дека денеска означуваме почеток на остварувањето на инвестицијата на најголемиот парк на ветерници во Западен Балкан. Оваа иницијатива ќе ѝ ја овозможи на Северна Македонија толку потребната чиста и пристапна електрична енергија и ќе креира работни места. Alcazar Energy гледа во Северна Македонија потенцијал со одлична локација за инвестиција, а со тоа се дава значење на капацитетите за создавање енергија од обновливи извори. Ние со нетрпение очекуваме одлична соработката со Владата и со локалните заедници во процесот на изградба на најголемиот парк на ветерници во земјата и со тоа силно ќе се зајакне капацитетот на државата со производство на струја од ветерници. И додека градиме одржлива инфраструктура каде е најпотребна – на пазарите во развој, паралелно генерираме приходи за инвеститорите. Нашиот успех во изградбата на вакви проекти за обновливи извори и нашата посветеност на принципите на ESG практиките, е обележје за нашиот капацитет и посветеност во овие клучни региони“, изјави Даниел Калдерон, ко-основач и генерален директор на Alcazar Energy.

Проектот, позициониран 75 километри југоисточно од Скопје, ќе игра важна улога во унапредувањето на Just Transition Investment Platform на Македонија во рамките на COP28 и значително ќе ја намали емисијата на стакленички гасови на државата. Планирано е отворање на 630 работни места, а кога ќе биде целосно оперативен проектот ќе се произведува чиста електрична енергија за повеќе од 100 000 домаќинства и ќе се намали емисијата на CO2 за 670 000 тони годишно. Со повеќе од 50 ветерници, проектот ќе заштеди 1,1 милиони кубни метри вода годишно.

За македонскиот премиер Христијан Мицкоски, овој проект е значаен за Македонија и за цел регион.

„Пред нас е најголемата инвестиција во обновливи извори на енергија што сме ја имале. Со оваа инвестиција започнува да се остварува владината политика за креирање енергетска независност за Македонија. Со различни инвестиции во областа на енергетиката ќе успееме Македонија да произведува струја за потребите на своите граѓани, а сето тоа што ќе се произведе плус, поради доброто мрежно поврзување, може да се продава на нашите соседи. Паркот на ветерници во југоисточна Македонија ќе го зголеми за пет пати потенцијалот на Македонија во делот на обновливи извори на енергија. Реонот каде треба да се гради паркот на ветерници се наоѓа помеѓу три општини, Карбинци, Радовиш и Штип каде потенцијалот за ваков тип инвестиција е голем“, изјави Претседателот на македонската Влада, Христијан Мицкоски.

Овој проект на Alcazar Energy е втор по големина по напорите да се изгради најголемиот капацитет на платформа од обновливи извори на енергија во Западен Балкан. Вкупната инвестицијата во Западен Балкан треба да ја надмине вредноста од 1 милијарда американски долари. Оваа инвестиција не само што ќе придонесе за зголемување на потенцијалот за производството на електрична енергија во Северна Македонија, туку исто ќе придонесе за сигурноста и стабилноста на енергетскиот сектор во регионот на Западен Балкан. Поради добрите мрежни конекции на Македонија со Грција, Бугарија, Србија и Косово, овој проект ќе придонесе за намалување на кусоците на електрична енергија и ќе се поддржи транзицијата кон обновлива енергија во Западен Балкан и Југоисточна Европа.

За Alcazar Energy    

Alcazar Energy е водечки независен одржлив фонд со седиште во Луксембург и тим на советници со седиште во Дубаи кои се фокусираат на големи проекти за обновлива енергија на пазарите во развој. По големиот успех на првиот проект, Alcazar Energy Partners I (AEP-I), Alcazar Energy неодамна ја договори финансиската конструкција за вториот проект Alcazar Energy Partners II SLP (SCSp) (AEP-II) на 490 милиони американски долари. Ова ги донесе на едно место инвеститорите од висок ранг од јавни и приватни институции од Северна Америка, Европа, Азија, Блискиот Исток. AEP-II ќе развие капацитет од околу 1,6GW на гринфилд проекти за чиста енергија и ќе мигрираат 3 милиони тони на GHG емисии годишно, а за проектите ќе се мобилизираат околу 2 милијарди американски долари странски инвестиции низ клучните пазари.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK