Грчката полиција денеска уапси навивач на АЕК кој е осомничен дека е вмешан во убиството на Михалис Кацурис во август годинава, јавуваат локалните медиуми.
Навивачот на АЕК Михалис Кацурис беше убиен во август, а уште осум лица беа повредени во напад на навивачите на Динамо врз приврзаниците на атинскиот клуб пред натпреварот од квалификациите за третото коло во Лигата на шампионите. Качурис починал од обилно крварење откако бил прободен со нож во подлактицата.
Неколку дена по убиството, грчкото правосудство покрена обвинение против повеќе од 100 обвинети за учество во инцидентите. Меѓу обвинетите има и хрватски државјани, од кои повеќето се верува дека се членови на навивачката група на Динамо „Бед Блу Бојс“.
Наводно е идентификувана ДНК-та на сопственикот на ножот, кој беше пронајден на местото на убиството на Кацурис.
Грчките медиуми јавуваат дека е уапсен Аристидис Делиос, кој веќе бил осуден на 12 месеци затвор за неговата вмешаност во крвавите инциденти на финалето од Купот на Грција во 2017 година во Волос. Неговите адвокати категорично негираа дека Делиос бил вмешан во убиството на Какурис.