Алармантна состојба во Калифорнија по горењето на хангар од Втората светска војна, парковите се затворени

Алармантна-состојба-во-Калифорнија-по-горењето-на-хангар-од-Втората.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Парковите и училиштата денеска се затворени во Тастин, Калифорнија, откако властите пронајдоа азбест во јагленосаните урнатини на историскиот хангар од Втората светска војна.

Локалните власти затворија најмалку девет паркови и ги повикаа жителите да ги ограничат активностите на отворено за да ја намалат нивната изложеност на пепел што содржи азбест. Откажана е и манифестацијата по повод Денот на бранителите, планирана за сабота, 11 ноември.

Пожарот избувна во вторникот рано наутро во дрвениот хангар изграден од американската морнарица во 1942 година, а причината за избувнувањето на огнот се уште е под истрага. Регулаторите за квалитетот на воздухот во Јужна Калифорнија ќе продолжат да ги анализираат примероците од областа околу хангарот за отровни гасови и метали, се вели во соопштението на градот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK